среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Младите ракометарки минимално поразени од Србија

Младите ракометарки минимално поразени од Србија

Maкедонската младинска репрезентација го запиша вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија, денес подобри од нашите ракометарки беа Србинките со 29:30.

На полувреме Македонија водеше со четири гола 13:17, меѓутоа во вториот дел вратена беше неизвесноста и во последните моменти од натпреварот се влезе со 29:29.

Србија во последната секунда погоди за победа од 30:29. Во редовите на Македонија најефикасна беше Јанкуловска со седум гола, додека Младеновска постигна шест.