сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се предозира, животот и висеше на конец: Славната актерка се огласи прв пат после скандалот поради кој заврши во болница (ФОТО)

Се предозира, животот и висеше на конец: Славната актерка се огласи прв пат после скандалот поради кој заврши во болница (ФОТО)

Пејачката и актерка, 25 годишната Деми Ловато проговори за својата борба со зависноста во писмо кое го објави на Инстаграм, што воедно е нејзина прва објава после две недели кои го помина во болница под сомнение дека се предозирала.

Деми беше на забава, а утрото се предозирала во својот дом каде ја пронашол чуварот во несвесна состојба. Нејзината асистентка почнала да вика „Мртва е, мртва е“, а пријателите веднаш повикале Брза помош. На перницата имало траги на крв и почнала да повраќа.

Frecklesss

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

-Би сакала да им се заблагодарам на сите на огромната поддршка, на своето семејство, пријателите, својот тим и обожавателите. И на драгиот Господ што ме спаси, инаку не би била овде и би го пишувала ова писмо, напиша Деми, која не сакала да каже која дрога ја земала. Тоа многу го отежнал нејзиното лекување, а преку викендот ја фатила грозница со висока температура.

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

-Научив дека таа болест не е нешто што исчезнува со времето. Тоа е нешто што морам да го надвладеам, но не бев подготвена да останам „чиста“, објасни Ловато. Изгледа дека пејачката ќе ја стави својата кариера во пауза и ќе се фокусира на своето здравје.

Showtime ?

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

-Сега ми треба време да оздравам и сериозно да се посветам на своето лекување. Љубовта која ми ја покажавте никогаш нема да биде заборавена и се радувам на денот кога ќе можам да кажам дека сум ја победила зависноста. Ќе се борам, објасни таа, откако блиските пријатели и порачаа дека мора да оди на рехабилитација или ќе си изгуби сите соработници и пријатели.

?

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on

Во документарецот „Simply Complicated“, кој го сними во 2017-та година, Ловато говореше за годините кога земала дрога, за пореметувањата со исхраната и за проблемите со алкохолот, велејќи дека прв пат почнала да користи кокаин кога имала 17 години. На првата рехабилитацијата отишла уште на 18 години кога и бил дијагностицирано биполарно пореметување.

Најнови вести