сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Цупара и Ненадиќ се селат во Динамо Букурешт?

Цупара и Ненадиќ се селат во Динамо Букурешт?

Романскиот ракометен тим Динамо Букурешт иако не доби вајлд-карта за Лигата на шампионите, но тоа нема да ги поколеба во обидот да создадат силен тим.

Голманот на српската рперезентација Владимир Цупара, кој требаше во Букурешт да се пресели следното лето, се чини дека тоа ќе го стори уште ова лето.

Ова го потврди претседателот на романскиот првак, Јонут Попа, во изјава за „Про Спорт“. Тој најави влегување на уште еден голем спонзор во клубот, и доаѓање на ракометар што настапил на последниот Ф4 во Келн. Романските медиуми шпекулираат со името на Петар Ненадиќ, кој беше дел од ПСЖ.