сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кирјиос нема да игра на Вимблдон: Многу сум тажен…

Кирјиос нема да игра на Вимблдон: Многу сум тажен…

Австралиецот Ник Кирјиос одлучи да се повлече од овогодинешниот Вимблдон, кој започнува денеска во Лондон, објавија организаторите.

Причина за ваквата одлука на минатогодишниот финалист на третиот Грен слем во сезоната е повредата на зглобот, која го спречува да игра во висок ритам.

„Многу сум тажен што морам да се повлечам од Вимблдон оваа година. При враќањето на теренот почувствував болка во зглобот. Се обидов да направам сè за да бидам подготвен да играм и многу сум разочаран што немав повеќе време пред Вимблдон, но ќе се вратам, како и секогаш“, изјави Австралиецот.

Кирјиос моментално ја зазема 33. позиција на АТП листата на најдобри светски тенисери, а сосема е извесно дека по турнирот во Вимблдон ќе следи негов голем пад.