петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Вагнер“ ја прекинува регрутацијата за еден месец

„Вагнер“ ја прекинува регрутацијата за еден месец

Руската паравоена група „Вагнер“ на Телеграм објави дека ги „замрзнува“ нови регрутации до следниот месец.

„Вагнер“ истакнува дека регрутацијата се одложува сè додека не се дислоцираат борците во Белорусија, каде е во егзил лидерот Евгениј Пригожин, по неуспешниот пуч во Русија.

– Согласно досегашното неучество на борците на групата „Вагнер“ во специјалната воена операција и поради преместувањето во Белорусија, во моментов ја прекинуваме регрутацијата за еден месец, се наведува во соопштението.

Сè уште е непознато дали Пригожин е во Белорусија, или како што објавија некои медиуми, на тајна локација во Русија за тајни преговори со руски функционери.