сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Неодоливата латино дива се фотографирала во фустан којшто открил многу: Кога ветрот ѝ прави проблеми на Џеј Ло, тоа изгледа вака

ФОТО: Неодоливата латино дива се фотографирала во фустан којшто открил многу: Кога ветрот ѝ прави проблеми на Џеј Ло, тоа изгледа вака

Латино ѕвездата Џенифер Лопез отсекогаш била мета на папарацо фотографите, затоа не е ниту чудно зошто кадрите од снимањето на модниот едиторијал на кој носела проѕирен, зелен фустан со длабок, асиметричен изрез, станале атракција.

Џенифер Лопез минатиот викенд го поминала фотографирајќи се за моден едиторијал. За таа прилика пејачката избрала неколку интересни комбинации и фустан којшто до крајот на снимањето ѝ правел проблеми. Прво, изрезот и ветрот којшто открил одредени делови од нејзиното тело.

Имено, славната актерка и пејачка прво позирала во гламурозниот, зелен фустан, со гол грб и долги ракави и асиметричен, бочен изрез којшто на момент открил поголем дел од нејзиното торзо отколку што таа веројатно била подготвена да покаже.

Подоцна таа носела фустан, исто така со зелена боја, но значително посветла, во стил на грчка божица со прекрасно здолниште кое ги истакнало нејзините затегнати нозе, а проѕирниот материјал привлекол внимание кај неуморните папарацо фотографи кои се „бореле“ да направат најдобар можен кадар.

Прекрасната ѕвезда и љубителка на женствениот модел стил, особено носи фустани кои се нејзин најчест избор за многу од јавните настани на кои се појавува.

Во последно време, Џеј Ло можеме да ја видиме во елегантни фустани со цветен принт, како што бил убавиот макси модел на фустан којшто го носела додека шетала со својот сопруг Бен Афлек.

Најнови вести