понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Една жртва и најмалку тројца повредени во руски напад во областа Херсон

Една жртва и најмалку тројца повредени во руски напад во областа Херсон

Едно лице загина, а најмалку три се повредени по денешниот руски напад во областа Херсон, соопшти Регионалното обвинителство.

-Покрената е истрага за смртта и повредите предизвикани од непријателското гранатирање на населбата Билозерска во Херсонската област. Русија ја гаѓаше населбата околу 19 часот по локално време, соопшти обвинителството. (МИА)