недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петмина загинати при уривање на мал авион во Јужна Каролина

Петмина загинати при уривање на мал авион во Јужна Каролина

Пет лица загинаа при пад на мал авион во американската сојузна држава Јужна Каролина.

Авионот се урна во близина на терен за голф во Норт Миртл Бич за време на викендот, а првичните информации беа дека само едно лице е повредено.

Денеска е потврдено дека загинале сите на летот – четворица патници и пилотот, јавуваат локалните медиуми.

Четири лица починале на лице место, а едно во болница.

Денеска беа објавени и идентитетите на жртвите, две жени на возраст од 32 и 42 години и нивните синови на седум и 17 години, како и на 66-годишниот пилот.