Македонската женска репрезентација за ракометарки до 19 години на Европското првенство денеска загуби од Чешка со 29:24.
После првото полувреме нашите ракометни надежи водеа со еден гол разлика 13:12, но противникот беше многу подобар во вториот дел кој го доби со 17:11.
За македонската репрезентација најефикасна беше Сара Стефаноска со шест голови, еден помалку имаше Марија Јанкуловска.
Во групата „Д“ по трите одиграни кола Данска и Црна Гора освоија по пет бодови (двете селекции ремизираа 29:29). На третата позиција заврши Чешка со два, а без бодови Македонија на последната четврта позиција.
Во следниот период нашата селекција ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место на континенталниот собир.