четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се сакаат од 12 години, нивната љубовна приказна е поубава од бајка: Која е идната сопруга на кошаркарот Лука Дончиќ?

Се сакаат од 12 години, нивната љубовна приказна е поубава од бајка: Која е идната сопруга на кошаркарот Лука Дончиќ?

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, кој игра за „Далас Маверикс“ има уште една одлична причина за славење по успешната сезона – една од најубавите досега.

Имено, тој ја запросил својата долгогодишна девојка Анамарија Голтес, која му кажала „да“, а тоа го споделила и на својот „Инстаграм“ профил.

Лука ја прашал својата избраничка да се омажи за него во прекрасен и романтичен амбиент, додека тој клекнал на едно колено со прстен во раката, а парот изгледал многу заљубено.

Анамарија Голтес и Лука Дончиќ се запознале уште како деца, додека со семејствата биле на одмор во Хрватска. Набрзо станале пар, а заедно се од 12 години.

Вереницата на овој шармантен кошаркар извесно време работела како танчарка, потоа како фитнес инструкторка, а денес е успешна манекенка и ги красела насловните страници на неколку познати магазини. Покрај тоа, завршила и економија во Љубљана.

Овој пар веќе извесно време живеел во Далас, каде што Лука игра за најпознатиот тамошен НБА клуб, а често се дружеле и со семејството на Никола Јокиќ.

Најнови вести