сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дончиќ: Кошарката има само еден владетел

Дончиќ: Кошарката има само еден владетел

Словенечката супер-ѕвезда, Лука Дончиќ, разговараше со медиумите на турнејата која неговиот Далас Маверикс ја има во Абу Даби. Далас и Минесота ќе одиграат два претсезонски натпревари во Обединетите Арапски Емирати, а Дончиќ доби повеќе интересни прашања од новинарите.

„Во НБА лигата има еден кошаркар кој секогаш отскокнува од другите. Мајкл Џордан беше едноставно неверојатен и мислам дека тука нема никаква конкуренција. Овој спорт видел многу кошаркарски величини, но ниедна од нив не беше како Мајкл. Кошарката има еден владетел, целиот свет знае кој е тој. Многумина ги споредуваат Џордан со Коби Брајант, Леброн и останатите, но јас сметам дека тоа се небулозни паралели. Сите играа во разни периоди, друга ера, друга кошарка. Споредбите се неправедни и непотребни. Мајкл е уникатен и така ќе остане запаметен во историјата“, рече Дончиќ.

Далас Маверикс го загубија првиот натпревар против Минесота со 111-99. И покрај поразот, Лука Дончиќ одново беше лидер на својот тим и забележа 25 поени, „зачинети“ со пет асистенции.