Видео од татко кој танцува покрај болничкиот кревет на својот едногодишен син Кристијан стана вирален хит. Кени Томас воодушеви со своите танцувачки чекори на хитот на Кјара „Level Up“, откако детето се опоравило од првата доза хемотерапија.
На Кристијан му била дијагностицирана леукемија и поминал 32 дена во Детската болница во Филаделфија на лекување.
-Музиката делува како терапија на него и секогаш се смирува кога ќе ја слушне музиката и кога некој танцува, изјави Томас за „GoodMorningAmerica“.
Детето во видеото воодушевено го прати таткото и неговото танцување.
-Секогаш е среќен, разигран и спремен за танц, открива Томас.
-Поминува време со мене во студиото и гледа како танцувам. Тој е клопче среќа кое ме инспирира, кажа гордо таткото.
Малион Кристијан е роден со Даунов синдром, а минатиот месец во текот на испитувањата лекарите откриле дека има рак. Откако успешно го поминал првиот третман на хемотерапија, неговиот татко почнал да танцува како би го развеселил.
Преслата објава има повеќе од 2,7 милиони прегледи, а видеото на својот профил го постави и славната пејачка.