среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Познати четвртфиналистите од Светската одбојкарска лига

Познати четвртфиналистите од Светската одбојкарска лига

Откако се одиграа сите натпревари од групната фаза во машката одбојкарска Лига на нации, веќе се познати сите осум селекции кои ќе учествуваат на завршниот турнир.

Ф8 турнирот ќе се одржи од 19 до 23 јули во Гдањск (Полска). Победникот во групната фаза, САД ќе се сретне со Франција која го освои осмото место на табелата.

Второпласираната селекција на Јапонија се среќава со седмата, Словенија, додека светските вицешампиони Полска кои завршија на третото место за место во полуфиналето ќе се борат со Бразил. Полјаците се една од селекциите кои ќе бидат противници на Македонија на претстојното Европско првенство во Скопје.

Во последното четврфинале ќе играат светскиот шампион Италија и селекцијата на Аргентина.