недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, место да го сузбива криминалот, отвора семејни фирми на домашна адреса

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, место да го сузбива криминалот, отвора семејни фирми на домашна адреса

Дури и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, се впушти во бизнис водите преку неговиот син, да не остане покус од неговиот вистински шеф Али Ахмети, чии деца и внуци исто така имаат голем претприемачки дух, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

На 12 октомври, 2022 година на домашната адреса на Сашо Тасевски, е регистрирано Друштво за трговија, услуги и производство СМАРТИОТ ДООЕЛ, компанија која се занимава со информатичка технологија, со ограничена одговорност на едно лице, сопственик и управител, синот на Сашо Тасевски.

Сашо Тасевски треба да даде одговор, зошто оваа фирма на име на синот не ја пријавил во ДКСК, за што има законска обврска. Замислете, човекот задолжен за спроведување на законот и безбедноста во Македонија, самиот го прекршува законот. Криењето на имоти и фирми очигледно е главна одлика во СДС, а каде јавноста се запозна преку аферата “Тајни имоти”.

Граѓаните заслужуваат власт, која искрено се грижи за нивната безбедност, а не лица, на кои поважно им е синовите да ги направат бизнисмени и милионери.

ВМРО-ДПМНЕ по превземањето на власта, на прво место ќе ја стави сигурноста и безбедноста на граѓаните, стои во соопштението на партијата.

Најнови вести