вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски: Третиот спортски терен на тартан подлога се гради кај Св. Лидија во Ченто

Стефковски: Третиот спортски терен на тартан подлога се гради кај Св. Лидија во Ченто

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук пишува дека третиот спортски терен на тартан подлога се гради кај Св. Лидија во Ченто.

„ТРЕТИОТ СПОРТСКИ ТЕРЕН НА ТАРТАН ПОДЛОГА СЕ ГРАДИ КАЈ СВ. ЛИДИЈА ВО ЧЕНТО‼️

✌️Во рамките на работното лето “Гази Баба 2023” направив увид на градежните работи за изградба на третиот спортски терен на тартан подлога кој се гради кај црквата Св. Лидија во Ченто.

👇Во рамки на градежните работи ќе се изгради комплетно нов спортски терен на најсовремена тартан подлога и ќе се изврши оградување со нова ограда.

🤝Изградбата на овој терен произлезе како барање од граѓаните на една од моите средби во Ченто.

✅ Досега изградивме два нови спортски терени и тоа во Автокоманда и Чукур Маало – Трубарево.

👍Продолжуваме со реализација на нови проекти во сите населени места низ општина Гази Баба“, стои во статусот на Стефковски.

Најнови вести