Вака ли треба да изгледа “темелно исчистениот” клинички комплекс како што информираа надлежните. Ова ли е тој посебен фокус за грижата за хигиената, значаен и за пациентите и за здравствените работници Негрижа и континуирано запоставување на овој сегмент – хигиената во комплексот клиники за што сведочат секојдневно здравствените работници и пациентите. Пред Инфективна клиника течат фекалии и истите се слеваат во шахта и се шири неподнослива реа, веќе подолг временски период, а нитуедна институција не се смета за надлежна ,непознавање на ингеренциите. Со цел да не доживееме една епидемија на инфективни болести заради неспособност, неодговорност и неработа ги повикуваме одговорните кои се фалеа дека “направиле генерално чистење” да се фатат за работа со цел да не се доведе во опасност здравјето на граѓаните, се вели во Фејсбук статусот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
![](https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2021/10/kaliopi-300x220.jpg)