петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Младите ракометарки го запишаа и петти пораз на ЕП

Младите ракометарки го запишаа и петти пораз на ЕП

Младата македонска женска ракометна репрезентација забележа нов пораз на Европскиот шампионат во Романија.

Во разигрувањето за подобар пласман, врсничките од Србија беа подобри од Македонија победувајќи со 30-19.

Младите Србинки уште од стартот беа одлични, наметнаа свој ритам и на полувреме заминаа со шест голови предност (14-8).

Во вториот дел продолжија со исто темпо, и го добија и тоа полувреме за конечна победа од 11 поени разлика.

Во македонскиот состав Нестороска беше најефикасна со пет гола. По овој пораз е јасно дека македонската репрезентација ќе разигрува за пласман од 13 до 16 место на турнирот.