четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Владата нема абер од градење на ескпресниот пат Прилеп-Градско затоа што не можат да се договорат околу провизиите кој колку да земе

Мицкоски: Владата нема абер од градење на ескпресниот пат Прилеп-Градско затоа што не можат да се договорат околу провизиите кој колку да земе

Христија Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Прилеп запрашан дали верува дека ќе се изгради експресниот пат Прилеп-Градско кој е пролонгиран потенцираше дека оваа влада нема абер од градење затоа што не можат да се договорат околу провизиите кој колку да земе.

-33 километри ги градат 7 години, требаше овој јули да се пушти, еве го јули дојде абер нема од патот, а тоа е така затоа што не можат да се договорат со провизиите кој колку да земе, кој колку да подели овие кланови за кој што зборувава на почетокот од моето интервју, рече тој.

Мицкоски порача дека за многу брзо време со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се ќе биде поинау онака како што Македонија, Прилеп и луѓето од Пелагонија заслужуваат.

-Ќе повторам за неколку месеци од денеска имаме нова влада на ВМРО-ДПМНЕ, се ќе биде на брза трака, се ќе биде поинаку, онака како што Македонија, Прилеп и луѓето од Пелагонија заслужуваат, порача тој.

Најнови вести