среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Велешкиот театарски ансамбл со „Едвард Втори“ ќе настапи на „Охридско лето“

Велешкиот театарски ансамбл со „Едвард Втори“ ќе настапи на „Охридско лето“

Театарскиот ансамбл на велешкиот Театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“ на 6 август претставата „Едвард Втори“ во режија на Андриј Жолдак ќе настапи на годинешното 63. „Охридско лето“.

Директорот на велешкиот Театар, Сашо Димоски информира за МИА дека претставата е копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константиов-Џинот“ и Драмскиот театар Н.О Масалитинов од Пловдив, Р.Бугарија.

Како што пишува режисерот Андриј Жолдак во писмената објава на програмата за 63 то „Охридско лето“, оваа претстава има неколку различни насоки: главната насока е приказната за „Едвард II“ во драмата на Марлоу, проследена од „Ричард II“ од Шекспир.

-Темите на главната драма кои се интересни за мене и за кои зборуваме се: односот татко и син, во отсуство на мајката, мотивите на моќта и луксузот а со тоа и прекумерното уживање, енергијата на младите луѓе и нивната дирекност. Исто така, бракот на Едвард и создавањето семејство…и некомпатибилноста. Понатаму, промената на сексуалната ориентација на Едвард и неговата страсна љубов кон мажите. Смртта на таткото, на кралот, а со тоа и исчезнувањето на сите бариери и пречки за синот. Есенцијално е и лудилото на напуштената жена – сопругата и кралицата и планот да се убие сопругот. Исто така, темнината на човечката психа, психолошките и сексуалните односи помеѓу луѓето. Сепак, крајниот конфликт на 21 век е конфликтот за превласт, меѓу мажот и жената, и во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки вистинити ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите кои се вистински личности и преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година, појаснува Жолдак.

Потсетува дека после постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ, „Едвард II“ е негова трета претстава со македонски актери.

– Токму кај нив ме фасцинира нивната отвореност кон театарот и нивната желба да живеат, појаснува режисерот Андриј Жолдак.