сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хаос на Тур де Франс: Повредени велосипедисти лежат на патот, Брзата помош ги пренесува во болница (ВИДЕО)

Хаос на Тур де Франс: Повредени велосипедисти лежат на патот, Брзата помош ги пренесува во болница (ВИДЕО)

На 14-та етапа на Тур де Франс, која го означува влезот на Алпите, се случи голем карамбол во трка на која учествуваа десетици возачи. Најмалку десетина велосипедисти паднаа на влажниот асфалт.

Најлошо помина Луис Ментјес кој ја скрши клучната коска. Во болница на носилки биле пренесени и Антонио Педреро и Естебан Чавез, а брзата помош во болница ги пренела останатите возачи кои се здобиле со тешки повреди.

Поради ова, трката мораше да биде прекината на кратко.

Исто така, нешто подоцна, на 25-от километар падна и Ромен Барде, кој исто така мораше да се откаже и да биде префрлен во болница поради повреди, исто како и Џејмс Шо, кој падна на истото место.