четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Житната реколта катастрофална, министерството контра земјоделците

Житната реколта катастрофална, министерството контра земјоделците

Министерството ги демантира земјоделците. Тврдат дека земјоделците не ја кажуваат вистината и манипулираат со овогодинешната откупна цена на пченицата. Сумата од 7 до 8,5 денари за килограм се однесува само на пченицата наменета за сточна храна, додека пченицата со висок квалитет се откупувала и по 11 денари.

И додека од министерството укажуваат дека овогодинешната цена е задоволителна, вчера од Асоцијацијата на земјоделци излегоа со други бројки.

Годинава дождот им го собра родот на земјоделците. Дел од пченицата е целосна уништена, а според министерството само 10% од вкупниот принос отпага на квалитетно зрно, останатото ке биде наменето за сточна храна.

Алфа ТВ