вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нивото на Дојранското Езеро пониско за два сантиметра

Нивото на Дојранското Езеро пониско за два сантиметра

Нивото на Дојранското Езеро денеска е за два сантиметра пониско од вчера, а нивоата на Преспанското и Охридското Езеро се непроменети, покажуваат хидролошките мерења.

Сепак, нивоата на сите три природни езера во земјава се пониски од просекот за јули.

Поголеми промени на водостоите во однос на вчерашниот ден не се регистрирани, освен кај Вардар во Скопје кој покажува снижување за 25 сантиметри.

Најнови вести