четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардаровата ИКОНА е нов помошник тренер на Вардар

Вардаровата ИКОНА е нов помошник тренер на Вардар

Вардар 1961 попладнево ќе тргне во подготовките за новата сезона. Првиот, официјален дел за старт на сезоната беше прес-конференцијата на која претседателот Михајло Михајловски зборуваше за амбициите, финансиите и многу други теми. Покрај првиот човек на клубот, се обрати и тренерот Владо Недановски

Предводникот на „црвено-црните“ го откри планот на подготовките и ги изнесе очекувањата од новата сезона.

„Благодарност до управата што и покрај освоеното трето место лани, пак ќе бидам предводник на клубот. Би се навратил на 2003 година, кога Михајловски ми се јави како 17-годишно момче ме повика да дојдам во Вардар. Мене ми е навистина чест што по 20 години пак сум тука, до господинот Михајло. Што се однесува до Стоилов, чест и задоволство ми е што ќе бидеме заедно во стручниот штаб. Благодарен сум што прифати да работи на новите функции, координатор во клупските школи и да биде мој помошник. Се работи за најголемата вардарова легенда, па за мене е чест, но и мал притисок да го имам крај себе.

Минатата сезона најавивме напад на двете титули, за жал освоивме само една. Го освоивме Купот, но завршивме трето место во првенството, па подобар пласман би бил успех“, изјави Недановски.

Вардар освен во Суперлигата, ќе настапи и во квалификациите за Европската лига на ЕХФ каде што за ривал го доби Рајн Некар Левен.