петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Љубомир Врањеш ја заврши тренерската кариера

Љубомир Врањеш ја заврши тренерската кариера

Љубомир Врањеш, во изјава за германските медиуми истакна дека нема намера да продолжи во тренерските води.

Новиот спортски директор на Флеснбург дефинитивно се повлекува од спортските терените и во иднина ќе биде целосно посветен на неговата нова функција.

Швеѓанецот со српско потекло најголемиот дел од својата кариера ја помина во Фленсбург, таму беше играч, потоа стана тренер, ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2013/14 и од претстојната сезона ќе има нова улога во некогашниот европски шампион.

„Не сакам да се вратам на клупата на Флензбург. Целта ми е да останам на функцијата спортски директор на клубот во наредните десет години“, изјави Врањеш.