недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Три пожари активни во Штип

Три пожари активни во Штип

Во Штип беснеат три пожари. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот на сува трева во близина на фабриката Мебел е ставен под контрола. Во моментов гори на уште две локации кај Мирјанина црква и Караорман.

-Сите наши екипи се на терен, односно 14 пожарникари со чеитири возила се на овие три локации. Во моментов кај Мирјанина црква гори борова шума и сува трева, а во Карорман сува трева и има паднато дрво, вели Коцев.

Штипските пожарникари и минатата недела имаа неколку пожари и тоа во неделата, кога на терен беа сите пожарникари.

Најнови вести