недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Полска е шампион во Светската лига во одбојка

Полска е шампион во Светската лига во одбојка

Одбојкарите на Полска се шампиони на овогодинешното издание на Светската лига, откако по голема борба славеа над селекцијата на САД со 3-1 во сетови.

Домашниот терен во арената во Гдањск беше значаен фактор на патот до триумфот, па Полјаците бодрени од преполната арена беа најдобри кога беше најпотребно и стигнаа до победата.

Првите два меча минаа во израмнета битка, во првиот славеше Полска со 25-23, но Американците возвратија добивајќи го вториот со 24-26. Тоа беше се што американските одбојкари успеаја да сторат бидејќи Полјаците одиграа беспрекорно во следните два сета, добивајќи ги со идентични 25-18 на патот до златниот медал.

Третото место го освои Јапонија, откако „самураите“ славеа со 3-2 во малото финале против Италија, освојувајќи го првиот медал во историјата на оваа репрезентација во Светската лига.