сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со Стопанската комора на Северо-западна Македонија: Политиката и бизнисот се двонасочна улица, го слушаме стопанството во делот на креирање на идната програма на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски на средба со Стопанската комора на Северо-западна Македонија: Политиката и бизнисот се двонасочна улица, го слушаме стопанството во делот на креирање на идната програма на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, денеска оства средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија.

-Голема благодарност од мене до претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија. Морам да признам, а тоа и го кажав на самиот состанок дека изминатиот период имаме навистина плодна, искрена соработка со комората.

Секогаш овие состаноци се добредојдени затоа што секогаш има аргументирана позиција од страна на луѓето на комората, има корисна дебата има корисен дијалог кој што и нам ни помага во делот на креирање на програмата. А истовремено тоа е одредена додадена вредност затоа што мислиме и цениме дека само со аргументирана дебата, можеме да напредуваме. Ако во политиката се водите од фрустрација, ако во политиката а и во бизнисот ги гледате работите еднострано, а не како двонасочна улица, тогаш не можете да бидете никако успешен.

Затоа јас уште еднаш еве јавно благодарам до комората. Претходно се состанавме и со претставници и официјални лица на Стопанската комора на Македонија, се состанавме и со претставници и официјални лица на Сојузот на Стопански комори на Македонија. И тука ги кажавме нашите аргументи, ги презентиравме фактите кои се поврзани со овие законски измени кои денеска почнаа во парламентот, односно предлог закон за измена на законот за ДДВ, персонален данок и овој нов закон условно кажано на солидарност. И можеме да кажеме дека огромен е бројот на правни лица кои се погодени од овие закони, настрана процедурата која што е комплетно злоупотребена посебно со европското знаменце, истакна Мицксоки и додаде:

„Овде во комората претседателот и претставниците ни кажаа дека отприлика 45 компании се директно асортирани од овој закон. Станува збор за 10ви милиони евра кои што биле предвидени да се инвестираат, односно биле предвидено да обезбедат дополнителни работни места, но во овој момент владата одлучува тие пари да ги собере, а потоа преку сомнителни трошења бидејќи предвидува да ги стави на конто во кое што јавноста ќе нема увид преку сомнителни трошења дел од тие пари, имајќи во предвид карактерот на владата да завршат во приватни џебови.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно го кажавме нашиот став, денеска предложивме јавна расправа, предложивме точките од дневен ред да бидат тргнати, но за жал од владејачкото мнозинство бевме одбиени. Ако тие навистина верувате во тоа што го правите, затоа споменав и на почетокот за двонасочната улица, и затоа ако вие навистина верувате во тоа што го правите, тогаш не гледам зошто вие имате причина да бегате од јавна дебата и не гледам зошто не сакате да се соочите со овие луѓе од Стопанските комори кои што се борат секој месец да обезбедат денар плус, за да обезбедат плата повеќе, повисока плата за вработените, а богами денеска како што дојде време и за повеќе вработени, бидејќи се помалку има расположлива работна сила на пазарот на труд“.

Најнови вести