сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид почна со подготовки за новата сезона

РК Алкалоид почна со подготовки за новата сезона

Mакедонскиот ракометен вицешампион РК Алкалоид го одржа првиот тренинг формално означи почеток на подготовките за сезоната 2023/24.

Првиот дел од подготовките ќе се реализираат во Скопје, а потоа екипата ќе замине на базични подготовки во Маврово.

Во вториот дел од претсезоната, од 16 до 20 август, Алкалоид ќе настапи на турнирот во Струга а потоа ќе реализира финални подготовки во Хрватск, каде што ќе игра натпревари со екипите на Нексе Нашице ППД Загреб, Сесвете и со словенечката екипа Добова.

Во претстојната сезона Алкалоид, покрај во домашното првенство, за првпат ќе се натпреварува и во Европската лига на ЕХФ.