сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија го изврши шестиот воздушен напад врз Киев овој месец

Русија го изврши шестиот воздушен напад врз Киев овој месец

Русија денеска го изврши шестиот воздушен напад врз Киев овој месец, објави воената управа на главниот град на Украина, додека алармот за нападот се огласи пред повеќе од три часа. Русија го нападна главниот град на Украина со беспилотни летала од иранско производство. Според прелиминарните информации, сите летала биле соборени од украинската ПВО, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Се уште се собираат информации, но засега нема жртви или значителна материјална штета.

Сирените за тревога се огласија околу час и половина по полноќ, а освен во областа Киев, тие се слушнаа во поголемиот дел од источниот дел на земјата. ВВС издадоа предупредување за воздушен напад за источните и југоисточните региони, со оглед на тоа дека постои нова закана од напади со балистичко оружје на споменатите области, се вели во нивното соопштение на Телеграм.