недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Судот во Австралија ја казни Мета со 14 милиони долари

Судот во Австралија ја казни Мета со 14 милиони долари

Австралиски суд му нареди на сопственикот на „Фејсбук Мета Платформс“ (Facebook Meta Platforms) да плати казна во вкупна вредност од 20 милиони австралиски долари поради собирање кориснички податоци преку апликација, која наводно ја заштити приватноста.

Федералниот суд на Австралија, исто така, му нареди на Мета, преку нејзините подружници „Фејсбук Израел“ (Facebook Israel) и сега веќе непостоечката апликација „Онаво“ (Onavo), да плати 400.000 австралиски долари за правни трошоци на австралиската Комисија за конкуренција и потрошувачи, која покрена граѓанска тужба против Мета.