Фолк ѕвездата Дарко Лазиќ со години е мета на жестоки критики во јавноста поради бројните сообраќајни прекршоци и непочитување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, особено од 2018-та година кога едвај преживеа тешка сообраќајна несреќа.
Иако вети дека после тоа ќе се смири, се чини дека тоа не го направи, бидејќи повторно вози свесно кршејќи ги правилата, а доказ за тоа се бројните видеа и фотографии кои ги објавува на мрежите.
Овој пат тоа за него го направи сопругата Катарина.
Таа се пофали со сет романтични фотографии на кои таа и Лазиќ разменуваат нежности во Ферари, а потоа објави видео од нејзиниот сакан, направено додека вози.
Имено, додека вози, таа ги ставила нозете во скутот на Дарко, за да може да ја гали додека вози без појас.