среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска до Ковачевски: Дали во Македонија функционираат безбедносните служби без притоа да бидат кршени правата на граѓаните во Македонија?

Ласовска до Ковачевски: Дали во Македонија функционираат безбедносните служби без притоа да бидат кршени правата на граѓаните во Македонија?

На денешната седница за пратенички прашања во собранието на Македонија, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска постави три пратенички прашања две до премиерот и до министерот за образование.

„Ќе поставам три пратенички прашања првите две до премиерот и до министерот за образование. Почитувани граѓани во Македонија се прислушкува, и се снима се снимаат граѓаните на Македонија со високо софистицирана опрема. Софтверот  се нарекува предатор кој што е направен од фирма во Македонија, која што се нарекува „Сајтрокс“, и овој софтвер е користен во Грција и Египет, така и е откриен во Грција имаше голем скандал кој што заврши со оставки на одговорните лица. САД на црна листа ја ставија фирмата „Сајтрокс“, фирма што произведува високо софистициран софтвер за прислушкување,гледање, снимање, на Фејзбук оваа компанија е банирана. Прашањето ми е треба ли да се случат протекување на информации,снимки и конечно дали некој во оваа држава ќе превземе одговорност во случајот сте вие како влада? Моето конкретно прашање до вас премиере е дали во Македонија функционираат безбедносните служби без притоа да бидат кршени правата на граѓаните во Македонија“, праша Ласовска.

Ласовска го праша премиерот и дали владата ќе ги покрие штетите преку интервентниот фонд кој што и тие како пратеници го поддржале, бидејќи оваа година  штетите во Овчеполието поради недостигот на вода ќе бидат големи.

„Второто прашање намерно го поставувам до вас бидејќи гледам дека во владата каде што сте вие премиер ве лажат, ве дезинформираат, не сте информирани. Ме интересира дали го знаете случајот во Овчеполието деновиве дека 2 600 хектари се без наводнување. Неспособноста на хидросистемот Брегалница остави голем број на посеви без вода. Браната Калиманци е полна а Овчеполието остана без вода. Прашањето ми е дали владата ќе ги покрие штетите преку интервентниот фонд кој што и ние како пратеници го поддржавме, бидејќи оваа година овие штети ќе бидат големи“, нагласи Ласовска.

Ласовска третото прашање го упати до министерот за образование дали планира да го смените и исфрли оној дел од новата концепција на Мила Царовска, гробарот на образованието во Македонија која евидентно направи хаос и цели генерации ќе бидат системски дискриминирани.

„Третото прашање до министерот за образование, сведоци сме на немање на учебници и огромни грешки во учебниците и што е најстрашно тргање од наставна програма на историјата на македонскиот јазик по предметот македонски јазик и литература, одеднаш ги снема просветителите, преродбениците, спојување на предмети и тн, прашањето ми е конкретно ме интересира вашиот став како министер за образование дали планирате да го смените и исфрлите овој дел од новата концепција на Мила Царовска гробарот на образованието во Македонија која евидентно направи хаос и цели генерации ќе бидат системски дискриминирани?“, праша Ласовска.

Најнови вести