петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски наместо како трачарка на пазар да лаже и посипува пердуви нека поработи за државните интереси и за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски наместо како трачарка на пазар да лаже и посипува пердуви нека поработи за државните интереси и за Македонија

Стево Пендаровски денес имаше издание во кое сакаше да се допадне на ДУИ и СДС за да го поддржат во изборната трка наместо да работи за државните интереси, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Трачарот Пендаровски не кажа како ќе ги спречи Бугарите во нивната намера да испорачаат нови барања освен сегашните, како ќе ја извлече државата од нови условувања и од состојба на вазалство кон Бугарија. Стево Пендаровски имаше сериозен проблем да ја сокрие нервозата во своето интервју. Очигледно очајот го натера да измислува безочни лаги и невистини со цел да го амортизира фијаското кое се случува на владата на Ковачевски и на СДС. Патем Пендаровски е самиот препознатлив по своите пишман изјави, за кои не знаеш дали наутро ги кажува Стево, а навечер ги демантира Пендаровски. Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со устаните измени изнесени на лидерската средба и периодот после тоа се јасни. Впрочем тие ги потврди и самиот Ковачевски, но и чекорите на ВМРО-ДПМНЕ после тоа, а и нервозата и растреперениот глас на Пендаровски се исто така потврда сама по себе. Разбираме дека во очај Пендаровски и Ковачевски и нивните сателити ќе расфрлаат пердуви, бидејќи нивната поданичка политика удри во ѕид. Колку пониско удираат, толку пониско паѓаат. Рејтинзите и на СДС, и на Ковачевски и на Пендаровски тоа го покажуваат. Рака под рака одат кон дното затоа што го игнорираат својот народ, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести