четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски за Илинден во Пелинце, средба и со Вучиќ кој ќе го пречека во „Св. Прохор Пчински“

Пендаровски за Илинден во Пелинце, средба и со Вучиќ кој ќе го пречека во „Св. Прохор Пчински“

Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на чествувањето на државниот празник 2 Август – Ден на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Како што информираат од неговиот Кабинет, тој ќе предводи државно-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ претседателот Пендаровски ќе биде пречекан од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба.

Најнови вести