сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Приведените навивачи на Левски се казнети со по 18.000 денари

Приведените навивачи на Левски се казнети со по 18.000 денари

Навивачите на фудбалски тим Левски од Софија кои синоќа беа приведени во Скопје поради инцидентите пред и за време и на натпреварот против Шкупи, денеска се пуштени на слобода, потврди бугарската амбасада. Казнети се со по 18.000 денари за нарушување на јавниот ред и мир и недолично однесување на спортски настан.

Од амбасадата на Бугарија во Скопје има потврда за бугарските медиуми дека сѐ е в ред со навивачите, кои откако ќе ја платат казната можат слободно да се вратат дома.

Ова е епилогот од немилите настани кои се случија вчера, пред, за време и по натпреварот меѓу Шкупи и Левски од Конференциската лига.

Најнови вести