вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Распродаден македонскиот навивачки сектор за натпреварот против Украина во Прага

Распродаден македонскиот навивачки сектор за натпреварот против Украина во Прага

Секторот предвиден за навивачи на македонската фудбалска репрезентација за претстојниот евроквалификациски натпревар против Украина во Прага е експресно распродаден и „црвено – жолтите“ ќе имаат бројна поддршка од трибините на „Епет Арена“ на 14. овој месец.

За македонските навивачи беа резервирани 997 билети кои беа продадени за помалку од 48 часа, а според најавите навивачки групи организирано ќе допатуваат во Прага од повеќе европски држави.

Дуелот меѓу македонската и украинската репрезентација во рамки на групата Ц во квалификациите за ЕУРО 2024 е закажан за 14 овој месец со почеток во 15 часот на стадионот на Спарта Прага со капацитет од 18.000 седишта.

Пред завршните три евроквалификациски дуели, македонската репрезентација е на четвртото место во групата со седум бодови, колку што имаат и Италија на второто и Украина на третото место. Лидер е Англија со 13 бодови, додека Малта е на последното место без освоен бод.