петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот на „Гоцева шума“ ставен под контрола

Пожарот на „Гоцева шума“ ставен под контрола

Ставен е под контрола пожарот во реонот на „Гоцева шума“ кај Неготино, што избувна попладнево, потврди неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, кој е на самото место.

„Среќа во несреќа е што неготинските пожарникари реагираа многу брзо и не дозволија поголеми штети. Во денешниот пожар беа зафатени пет хектари од боровата шума“,
појасни Стојанов.

Стојанов беше таму и вчера, кога, исто така, беснееше пожар, а го гаснеа неготински и кавадаречки пожарникари, но се дејствуваше и од воздух со авион на ДЗС и хеликоптер на МВР.

Според ЦУК, пожарот што во текот на вчерашниот ден беше активен во месноста „Гоцева шума“ во Општина Неготино, а што во текот на ноќта беше изгасен, денеска попладне повторно беше реактивиран. На терен денеска интервенирала ТППЕ Неготино со 10 пожарникари и пет противпожарни возила.

Според информациите од ЦУК, во пожарот вчера беше зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари.

Најнови вести