среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Создаваме подобри услови за образование на нашите деца

Стефковски: Создаваме подобри услови за образование на нашите деца

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи посета на општинското основно училиште Његош.

Во училиштето во тек се градежни активности за целосна реконструкција на електричната инсталација на површина од 1500 метри квадратни, како и изградба на нова водоводна и комплетно реновирање на училниците.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

УВИД ВО ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ООУ ЊЕГОШ.

Денес направив посета на општинското основно училиште Његош во населеното место Јурумлери каде што се во тек градежни активности за целосна реконструкција на електричната инсталација на површина од 1500 метри квадратни, како и изградба на нова водоводна и комплетно реновирање на училниците.

По 67 години од изградбата на ова училиште за прв пат се реализира ваква инвестиција со која плафоните од трска заминуваат во историјата.
И честитам на директорката Анета Цветкова за посветеноста во работа и создавањето на подобри услови во училиштето.

Летниот одмор на учениците го користиме за реализација на гредежно – занаетчиски работи во општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба со цел создавање на подобри услови за воспитание и образование на нашите деца.

Како локална самоуправа целосно сме посветени на реализација на проекти во сите сегменти од општественото живеење.

Инвестициите во образованието, значат инвестиции за иднината! – напиша Стефковски.