сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РК Алкалоид ги промовира четирите нови засилувања

РК Алкалоид ги промовира четирите нови засилувања

Македонскиот ракометен вицешампион екипата на Алкалоид ги промовира четирите новите засилувања за претстојната сезона, во која ќе се натпреварува и во Европската лига.

Нови ракометари на „фармацевтите“ се репрезентативецот на Македонија, десниот бек Мартин Велковски, младиот пикер Стефан Стојчевиќ, а за првпат во екипата ќе има и интернационалци – левото крило Арно Бинго од Франција и голманот од Куба, Алехандро Ромеро.

Бинго ќе биде најискусниот во тимот од Автокоманда, барем според неговата биографија. Тој има 35 години и е поранешен репрезентативец на Франција, а во кариерата настапувал за португалските екипи Бенфика и Спортинг, како и за француските Трембле и Монпелје. Ромеро, пак, е роден во 1994 година, а доаѓа од Екс Провaнс, во чии редови имаше завиден процент на одбрани. Кубанецот бранеше и за Понто Комбо од Франција, за шведскиот клуб Онередс Аристика и за Порто.

Велковски е 26-годишен десен бек, кој доаѓа од Пелистер, а претходно настапуваше и за Металург. Тој беше дел од македонската репрезентација на ЕП во Хрватска во 2018, на ЕП во Австрија во 2020, на СП во Египет во 2021 и на ЕП во Унгарија во 2022. Стојчевиќ е кружен напаѓач, кој има 20 години и кој е висок 207 сантиметри, а доаѓа од Бутел Скопје.