недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Град Скопје со измена за најавата за прскање против комарци

Град Скопје со измена за најавата за прскање против комарци

Градот Скопје известува дека утре почнува третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 10.08.2018 (петок) и ќе трае 4 дена, односно до 13.08.2018 (понеделник), во раните утрински часови.Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 13.08.2018 до 17.08.2018 (од понеделник  до петок), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.