понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Кинескиот тенисер Ву втор пат колабираше на теренот

Кинескиот тенисер Ву втор пат колабираше на теренот

Кинескиот тенисер Џибинг Ву, рангиран на 90. место на АТП листата, втор пат колабираше на теренот за помалку од еден месец.

Овој пат тоа се случи на натпреварот од првото коло на АТП турнирот во Вашингтон кога 23-годишниот Ву на паузата по петтиот гем во првиот сет загуби свест додека седеше на своето столче и падна на теренот.

Веднаш му беше укажана лекарска помош и според последните информации кинескиот тенисер се чувствува добро.

Идентична ситуација на кинескиот тенисер му се случи пред помалку од еден месец кога колабираше на тревата на овогодишниот Вимблдон за време на дуелот против Американецот Френсис Тијафо.