вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Хејлунд пред трансфер во Јунајтед вреден 72 милиони фунти

Хејлунд пред трансфер во Јунајтед вреден 72 милиони фунти

Данскиот напаѓач Расмус Хејлунд (20) допатува денеска во Велика Британија на лекарски прегледи пред најавениот трансфер во англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед.

Како што објави денеска телевизијата Скај, откако ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи Хејлунд ќе потпише петгодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Англискиот клуб за услугите на досегашниот фудбалер на Аталанта ќе плати 72 милиони фунти, од кои 64 милиони се загарантирани, додека преостанатите осум милиони ќе бидат исплатени во бонуси.

Клубот од Бергамо на почетокот на преговорите бараше 77 милиони фунти плус бонуси.