Германскиот ракометар Уве Генсхајмер нема да игра за својот тим Рајн Некар Левен најмалку до крајот на оваа година.
Ракометарот имаше операција на коленото и јасно е дека нема наскоро да се врати на терените.
– Не знам кога повторно ќе се вратам на теренот, но сигурно нема да ја завршам кариерата на ваков начин. Тоа е процес што ќе трае шест месеци, ова не е прва рехабилитација што ќе треба да ја поминам – изјави Генхајмер за „Билд“.
Рајн Некар Левен е ривал на Вардар во квалификациското коло од Лигата на Европа и двете средби ќе се играат на 26 август во Скопје и на 3 септември во Хајделберг.