четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

У17: Македонските ракометарки поразени во првото коло на Европското првенство

У17: Македонските ракометарки поразени во првото коло на Европското првенство

Македонската женска репрезентација за ракометарки до 17 години во првото коло на Европското првенство во Црна Гора загуби убедливо со 40:27 од Романија. По првото полувреме романската селекција имаше предност од осум голови разлика (23:15).

Најрасположена во нашата репрезентација беше Ива Младеновска која 10 пати се запиша во листата на стрелците. На спротивната страна по шест погодоци имаа Лавиниа Теодора Дамиан и Марија Габриела Тулеа.

Во нашата група „Д“ првите бодови ги освои и Франција која со 33:28 ја совлада Унгарија. Нашиот следен противник ќе биде Унгарија в петок (4 август) од 13.30 часот.