вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полска ја утврдува границата

Полска ја утврдува границата

Полската гранична полиција денеска побара од Министерството за одбрана да испрати уште 1.000 војници на границата со Белорусија поради зголемените обиди за илегално преминување на границата, изјави денеска полскиот заменик-министер за внатрешни работи Мачеј Вашик.

Директорот на полската граничната полиција Томаш Прага побара да се прераспоредат уште 1.000 војници на полско-белоруската граница. Неговото барање е поради што годинава 19.000 луѓе се обиделе илегално да ја преминат полско-белоруската граница, наспроти 16.000 минатата година.

Полските власти претходно изградија ограда на границата со Белорусија, опремена со електронска заштита.

Во изминатите недели, наводно, во близина на границата се појавиле припадници на руската платеничката група „Вагнер“, кои, според полскиот премиер Матеуш Моравјецки, имаат за цел да ја дестабилизираат ситуацијата на источното крило на НАТО.