среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски: Обновен споменикот на Горан Стојменовиќ и иконите на крстот во Инџиково

Стефковски: Обновен споменикот на Горан Стојменовиќ и иконите на крстот во Инџиково

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес го посети местото каде што е поставен споменикот на херојот Горан Стојменовиќ и светиот крст во Инџиково.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски информира дека денес се извршени активностите за обновување на споменикот на херојот Стојменовиќ и иконите на светиот крст во Инџиково кои беа оштетни од вандалски чин на Илинден.

Во својата објава Стефковски напиша:

ИСЧИСТЕН СПОМЕНИКОТ НА ХЕРОЈОТ ГОРАН СТОЈМЕНОВИЌ И ИКОНИТЕ НА СВЕТИОТ КРСТ ВО ИНЏИКОВО.

Денес се реализираа активностите за чистење на споменикот на херојот Горан Стојменовиќ кој загина во борбите во Диво Насеље и иконите на светиот крст во Инџиково.

Како што напишав на Илинден, денот кога беше извршен срамниот и вандалски чин на уништување, денес споменикот и иконите се обновени.

Како народ и држава никогаш нема да го заборавиме делото на оние кои го загубиле животот за слободата на нашата Македонија. – напиша Стефковски.

Најнови вести