недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Деветмина загинати во пожарот во североисточна Франција

Деветмина загинати во пожарот во североисточна Франција

Девет лица се пронајдени мртви откако пожарот ја зафати викендичката каде биле сместени лица со посебни потреби во регионот Алзас во североисточна Франција.

Локалните власти претходно соопштија дека по пожарот 10 возрасни лица со лесна ментална попреченост и еден негувател се водат како исчезнати.

Пожарот избувна утрово околу шест часот и 30 минути и огнот е ставен под контрола. (МИА)