Денес се навршуваат 22 години од крвавиот 10 Август 2001 година кога кај месноста Љуботенски бачила осум припадници на македонските безбедносни сили ги даваат своите животи за Македонија. Нема да оставиме нивната жртва да биде залудна, а нивното дело заборавено. Да ја цениме нашата слобода, нашата земја и заветот за Македонија. Да се одолжуваме кон хероите на тој начин што нема да ја заборавиме нивната жртва, порача градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
„И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека се уште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила.
Очекуваме одговор. Државата мора да се грижи за своите херои.
Слава им“ – порача Костовски.