вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски изврши увид во градежните работи на улиците 14 и 18 во Јурумлери

Стефковски изврши увид во градежните работи на улиците 14 и 18 во Јурумлери

Утрово бев во посета на населеното место Јурумлери, каде што се во тек градежни активности за изградба на атмосферските канали, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Дадов насоки на економскиот оператор кој е изведувач на градежните работи да се зголеми динамиката на активностите за изградба на атмосферската мрежа за веднаш потоа да се пристапи кон асфалтирање на улиците.

Како локална самоуправа превземаме активности за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Жителите од ул. 18 и ул. 14 во Јурумлери години наназад се оставени да газат во кал. Овој проблем заминува во историјата.

Барањата на граѓаните се реализираат!, пишува Стефковски во својата објава.