Експлозии беа регострирани денеска во украинскиот главен град Киев, откако беше прогласена воздушна тревога низ целата земја, додека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен и сите летови беа прекинати поради можни дронови во областа.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа. Градските власти соопштија дека противвоздушната одбрана работи и воздухопловните сили региострирале руски суперсонични ракетни напади во областа Киев.
– Експлозии во градот. Останете во засолништата!, напиша Кличко на Телеграм. Според него, делови од соборена ракета паднале во просторот на детската болница во градот, но дека нема повредени и нема причинета штета.
Јавниот сервис Суспилна објави дека имало експлозии во регионите Виниција и Хмелницки во централниот и западниот дел на земјата.
Полетувањата и слетувањата на аеродромот во Москва се прекинати поради можни беспилотни летала, јавија руските емдиуми. Од причини кои се надвор од контрола на аеродромот, на Внуково се воведени привремени ограничувања за слетување и полетување на авиони, соопштија од аеродромот. Од безбедносни причини, некои летови беа пренасочени кон други аеродроми во московскиот регион.